Легендарните ТОТО ќе гостуваат во Скопје

Американскиот бенд ТОТО ќе гостува во Скопје, со концерт во рамки на јубилејната турнеја по повод 40 години од нивното постоење. Концертот е на 5 март, следната година, во ВИП арената „Борис Трајковски“, соопштија од Авалон продукција.

ТОТО или „Кралеви на живата свирка“во 2018-та тргнуваат на голема светска турнеја која опфаќа 40 земји, насловена „40 Trips Around The Sun“, со која ја одбележуваат четиридецениската работа, а и со нов студиски албум кој треба да излезе во февруари идната година.

За ТОТО ова ќе биде 23 турнеја и 14-ти по ред студиски албум, после низа мултиплатинести плочи продадени во преку 35 милиони примероци. Хитовите како „Rosanna“, „Africa“, „Hold The Line“ и уште многу други им донесоа многу музички признанија и пет Греми награди.