Легендарните „Astral Projection“ на 7 март доаѓаат во Скопје

Пионерите на електронската музика Ави Нисим и Лиор Перлмутер со нивниот легендарен проект „Astral Projection“ доаѓаат во Скопје и на 7 март ќе настапат во Арената „Борис Трајковски“. Настанот во Скопје е дел од светската турнеја на кој ќе биде промовиран нивниот најнов студиски албум „Goa classics remixed“ издаден неодамна за TIP Records.

Покрај израелскиот состав „Astral Projection“, истата вечер во СРЦ „Борис Трајковски“ ќе може да се слушнат диџеј сетови на скопските „Galactic Explorers“, „DJAntrix“ и „Forma“. За 3Д инсталациите и декорацијата на просторот пак е задолжен „Afadrenalin“.

„Подгответе се за уште едно големо денсфлор доживување!“порачуваат организаторите на журката, Skopje Dance Festival.

Картите се пуштени во претпродажба низ цела Македонија, а може да се купат преку мрежата www.kupikartizase.com, по цена од 400 денари.