Легализација на лесните дроги за спас на банките?

Во расправата околу изнаоѓање решение за спас на австриската банка „Hipo Alpe Adria“ која е во криза и на која ѝ се заканува стечај, се појавија и необични предлози, како што е легализацијата на лесните наркотици.

Легализација на лесните дроги за спас на банките?

Претседателката на социјалистичката младина (SJ) на Австрија Фиона Кајзер излезе во јавноста со барање за легализација на лесните дроги.

Под мотото „Дување за Хипо“, од даночните приходи од продажбата на марихуана би можела да се спаси Хипо банка без чепкање во буџетот, објаснува таа.

Иако на прв поглед се чини дека станува збор за шега, Кајзер сериозно ја сфаќа својата иницијатива. Таа во соопштението вели дека темите на легализација на дрогата и спасувањето на банката се поврзани.

„Ако се земат предвид високите суми кои се изгубени преку Хипо банка, потребно е да се најдат нови начини за финансирање“, нагласува таа, додавајќи дека тоа не треба да се прави на грбот на граѓаните, од буџетот.

Како пример за исправноста на оваа иницијатива, таа го посочи примерот на САД и Колорадо, каде неодамна беше легализирана марихуаната и само во јануари беа остварени приходи од 2,5 милиони евра од даноци и такси.

Според Кајзер, Австрија со својата репресивна политика кон наркотиците се откажува од милиони евра кои неоданочени заминуваат во рацете на нарко-индустријата.

Извор: B92/Окно