Лед Цепелин на суд поради сличност на „Stairway to Heaven“ со друга песна

Пејачот и гитаристот на легендарната група Лед Цепелин, Роберт Плант и Џими Пејџ ќе мораат да се појават на судење во САД, по обвинувањето дека ги копирале првите тактови на рок-класиката од 1971 година, „Stairway to Heaven“.

Судија во Лос Анџелес во петокот одлучил дека песната била доволно слична со инструменталот „Taurus“ на бендот Спирит, за да се оди на судење на кое Плант и Пејџ ќе се бранат од обвинувањата за кражба на интелектуална сопственост.

 

Тужбата ја покренал Мајкл Скидмор, во име на покојниот Ранде Волф, познат и како Ренди Калифорнија, гитаристот на Спирит и композитор на „Taurus“.

Двата бенда биле на заеднички турнеи во 1968 и 1969 година, а Скидмор вели дека можеби тогаш Пејџ добил инспирација за „Stairway to Heaven“, откако слушнал како Спирит ја изведува песната „Taurus“.

Поротници во претходна постапка одлучиле дека во првите две минути од двете песни има „доволна сличност“ во „дискутабилно најпрепознатливите и најважни делови од песните“. Авторот на постарата песна Волф, според извештаите, во едно интервју од 1997 се пожалил дека песните биле премногу слични. Волф истата година се удавил во Тихиот океан, обидувајќи се да го спаси неговиот син.

Слушнете ги свете песни и проценете дали се слични:

Бонус: слушнете ја и песната на Бијело Дугме „Све ќе то мила моја прекрити рузмарин, сњегови и шаш“ од 1979, чиј автор е познатиот музички „позајмувач“ Горан Бреговиќ и споредете ја со „Taurus“ на групата Спирит: