„Лебдечки техно-либертаријански“ град ќе се гради во Тихиот Океан

Во мај, група активисти ќе се сретнат на Тахити за да дискутираат дали ќе градат пловечки град крај брегот на Француска Полинезија.

Претставниците од Систединг Институтот, имаат идеја да градат екстранационални платформи во океанот. Организацијата е позната како „техно-утописка“, а се обидува да создаде град во кој не се плаќа данок уште од 2008 година.

Движењето на „микро-нациите“ не е новост, но идејата да се создадат трајни сместувалишта сред море е нова, а ја поддржуваат и познати бизнисмени и претприемачи, како Питер Тиел и Патри Фридман, внукот на познатиот економист Милтон Фридман.

Идејата ја добил Фридман поради неговото „професионално незадоволство со ограничувањето, како потрошувач“. При ограничување, пишува Mashable, мисли на државите и владите.

Тиел веќе не е официјално вклучен во проектот, но тој продолжува да постои. Првичната идеја била островот да биде изграден во интернационалните води, но поради договор со Француска Пиолинезија, институтот ќе може да го создаде островот таму, но ќе мора да обезбеди еколошка и економска анализа пред да почне со имплементација.

Ешли Блејк, неплатен амбасадор на Систединг Институтот во Австралија, на Миријад Фестивалот на стартапи во Бризбејн, изјави дека пошироката идеја за создавање на морски слободен рад е „една од нештата кои е потешко да се остварат“.

Се придружил кон институтот пред две години, а вели дека бил привлечен од „слободарското, креативно движење“ во барањето на начин на живот, во место каде владите не можат да го избришат прогресот со регулацијата.

„Јас работев во трговијата со јаглен на почетоците на мојата кариера, а многу од бизнисите изумреа поради само еден потпис“, вели тој, алудирајќи на политичките промени во Австралија поради владината цена на јагленот во 2014 година.

„За некои луѓе, општеството не се менува доволно брзо. За други пак, се менува пребрзо“, вели тој.

Градот ќе биде и место во кое ќе се експериментира со климатските промени и применатана нови закони за нивно спречување.

Сепак, на Тахити има сериозни дебати за даночната евазија која може да ја предизвика островот, како и за неговото влијание на еко-системот.

„Овие милионери, водени од илузорната жела да се ослободат себеси од државите кои постојат, се чини дека ќе добијат од ова многу повеќе од нас“, изјавил водителот на познато шоу на Тахити, Александре Талиерсио.

Сепак, Блејк го карактеризира островот како „социјално претпријатие“ – шанса секој да најде начин да создаде ново, поеколошко општество од ништо.