„Леад“ го отвори конкурсот за пријавување на „Училиште за животни вештини“

Училиштето за животни вештини (УЖВ) го отвори вториот конкурс за пријавување на втората генерација ученици.

Програмата е наменета за лица од 15 до 29 години, без разлика на образовниот или работниот статус.

Училиштето за животни вештини се базира на неформални методи и ќе се одвива преку симулации, дискусии, вежби и тимски предизвици.

Програмата на училиштето е поделено на обука и пракса, каде обуките опфаќаат шест модули кои траат еден месец и се наменети за 25 учесника.

Едномесечните курсеви се поделени на шест модули и тоа  животни вештини 101 личен развој, комуникациски вештини и деловна комуникација, подготовка на CV и мотивациско писмо, вештини за работа во тим, вештини за менаџирање на време и конфликти, вештини за креативно и критичко размислување.

Поради моменталната состојба поврзана со ширењето на вирусот COVID-19, обуките во рамки на програмата „Училиште за животни вештини“ ќе се спроведуваат он-лајн, преку платформи за аудио-визуелна комуникација.

Во соработка со бизнис заедницата и граѓанскиот сектор, на дел од учесниците на обуките ќе им биде овозможена едномесечна  октомвриска пракса во компанија или граѓанска организација.

„ЛЕАД“ е организација основана во 2016 година од страна граѓански активисти, претприемачи, едукатори, средношколци и студенти со цел да поттикне општеството во кое младите и возрасни соработуваа за општествена промена.