„Лажен мир“ – Топлес активистка се проби до колоната возила на Трамп во Париз

Француската полиција совлада демонстрантка која се приближи кон колоната возила на американскиот претседател Доналд Трамп на церемонијата на одбележувањето на 100-годишнината од крајот на Првата светска војна.

Активистката на радикалната феминистичка група „Фемен“ ја прескокнала оградата и се појави меѓу возилата. На нејзиното голо тело беше испишано „Лажен мир“, „Гангстерска забава“ и „Парада на лицемерие“.

Групата „Фемен“ е позната по невообичаени начини на искажување протест против сексизмот, расизмот, хомофобијата и други социјални и политички прашања.