Лауреатот од Берлин и од Венеција, португалецот Салавиза, гостин на „Браќа Манаки“

Еден од најнаградуваните млади режисери во светот, Португалецот Жоао Салавиза, ќе биде гостин на Интернационалниот фестивал на филмската камера  „Браќа Манаки“ во Битола.

Салавиза е добитник на престижните награди „Златна палма“ во Кан за „Арена“ (2009) и „Златна мечка“ во Берлин за „Рафа“ (2012).

„Браќа Манаки“ ќе биде вториот фестивал каде ќе биде прикажан неговиот прв долгометражен филм „Планина“, веднаш по светската премиера на Филмскиот фестивал во Венеција.

Со филмот „Планина“, на 19 септември ќе биде отворена програмата „Нов европски филм“ што се воведува годинава на фестивалот во Битола. На овој филм, 31-годишниот Салавиза соработува со директорот на фотографија Васко Вијана, кој за филмот „Рафа“, во 2012 година, ја доби наградата „Мала златна камера 300“ во Битола.