Ласица ја запре најголемата машина на светот – Големиот хадронски судирач

Најголемата светска машина, Големиот хадронски колајдер на европската агенција ЦЕРН, во Швајцарија, бил расипан од ласица, која влегла во еден негов дело и прегризала кабел за струја, во трансформатор во кој има 66 000 волти напон, јавуваат медиумите.

Машината, вредна 4.6 милијарди евра, била под полн напон, кога научниците забележале „сериозна електрична пертурбација“ во раните утрински часови во петокот. Инспекцијата ја открила мртвата ласица во делот на судирачот во кој е сместено напојувањето со струја.

Портпаролот на ЦЕРН изјавил дека не изненадува тоа што животното можело да влезе во постројката, која во поголем дел се наоѓа во планинско и рурално подрачје. Пред седум години, оваа огромна машина исто така беше запрена, откако некое друго животно, најверојатно птица, направила краток спој. Според надлежните, ќе бидат потребни неколку дена за машината да проработи.