Lars Von Trier во филозофска порно авантура!

Култниот дански режисер Lars Von Trier продолжува да ја шокира не само филмската, туку и најшироката јавност. Имено, на крајот на годината, за Божиќ во кино–салите ќе се појави неговото последно авторско остварување, чиј наслов како да кажува се – „Nymphomaniac“.

Продуцентите најавуваат дека во филмот вистински ќе се “сексаат” само дублери, но не и вистинските актери, па изгледа дека актерот Shia LaBeouf само се шегуваше кога најави дека токму главните актери ќе ги одиграат „скокотливите“ сцени.

Lars Von Trier во филозофска порно авантура!

Сепак,  ниту тој, ниту кој било од главните, славни актери, нема да ја има “честа”, туку само нивните дублери. Продуцентката Louise Vesth, која стои финансиски зад драмата на Lars Von Trier, потврди дека гледачите ќе имаат можност да видат веродостојни секс сцени!  Сепак, тоа ќе биде изведено така што над појасот од телото ќе се гледаат вистинските актери, а под него она што дублерите ќе го прават со гениталиите.

Lars Von Trier во филозофска порно авантура!

Со помош на дигитална пост–продукција, гледачите ќе стекнат илузија дека тоа го прават холивудски и европски филмски ѕвезди, кои во филмот ги има навистина премногу: Charlotte Gainsburg, Uma Thurman, Christian Slater, Stellan Skasgard, Jamie Bell, Connie Nielsen, Willem Dafoe, Jean-Marc Barr и Udo Kier.

Оние кои што ги виделе првоснимените сцени од филмот велат дека „Nymphomaniac“ изобилува со експериментални техники на продукција и со симболи, како и тоа дека се занимава со  “божји” теми, религија и филозофија.

Lars Von Trier во филозофска порно авантура!

Контроверзниот режисер, речиси со секој свој филм ја бранува јавноста, а и експлицитните секс – сцени не му се непозната територија. Во 1998 ја возбуди јавноста со порнографијата во филмот “Идиоти”, прикажан во главната селекција на Канскиот фестивал, а во 2009 не беше помалку жесток со филмот “Антихрист”.

Златко Манчевски