Жените диџеи се една од најпотценетата група во глобалната денс заедница, а независниот документарен филм „Girl“ е обид ваквата слика да се промени. „Girl“ ја раскажува приказната за американските диџеи кои ја предводеа сцената на почетокот на новиот миленум. Документарецот работен 12 години дава увид во приказните за талентираните жени во диџејството како Sandra Collins, DJ Rap, DJ Colette, DJ Irene, DJ Mea…
Иако режисерот го заврши филмот, се уште се чека на дозволи за користење на музиката со што и конежно филмот ќе виде готов. Извдувачи кои работеа на музиката се The Chemical Brothers, The Crystal Method, Prodigy, BT, Armin Van Buuren and DJ ICEY, како и главните протагонистки во филмот). Кампањата покрената на „Indiegogo“ има за цел да собер 50 000 долари, за во првите четири дена собра околу 3 500 долари.
„Girl е фантастичен филм за жените во улогата на диџеи како што се Nervo, Maya Jane Coles и многу други, за нивниот пат кон она што се денес. Sandra Collins е вистински талент, заедно со DJ Irenе и DJ Rap. Филмот е прекрасно патување низ животот, не само на диџејките, туку и на сите останати во светот на електронската музика. Носи многу спомени, и со оглед на тоа колкава е сцената денес, одлично е луѓето да видат како започна се“, вели британскиот ветеран, Paul Oakenfold.