Лајт-шоу на сто дронови запишано во Гинисовата книга на рекорди

Сто дронови кои извеле лајт-шоу над оркестар кој ја исполнувал Петтата симфонија на Лудвиг ван Бетовен го сруши светскиот рекорд за најголем број на синхронизирани беспилотни летала во Гинисовата книга на рекорди.

Изведбата се случила за време на изложба во ноември 2015 во Торнеш, Германија, но видеото од настапот беше објавено месецов. Дроновите биле управувани преку компјутери со софтвер на Intel.

Извор: Mashable