„Лајка“ отвори телефонски линии за пријавување бедомни кучиња на кои им треба згрижување

Јавното скопско претпријатие за третман на улични кучиња „Лајка“ ги повика граѓаните да се обратат на телефонските броеви: 02/2575-765 и 070 327 828 во случај да забележат бездомно куче на кое му треба згрижување.

„Пред нас е период на студени денови со исклучително ниски температури и до -15 степени, кои се загрижувачки по здравјето и животот на бездомните кучиња. Секоја зима сме сведоци на кучиња кои се измрзнати, прегладнети, во болки и грч од студот. Појавата на хипотермија кај кучиња исто така е честа појава во зимскиот период, како последица на долгочасовна изложеност на ниски температури“, се вели во соопштението.

Од „Лајка“ апелираат до оние кои имаат маалски миленици, да има направат привремено засолниште, да ги отворат вратите од влезовите на нивниот дом, да постават топла подлога за спиење, картон, ќебенце, стара облека и да им остаават сад со храна и вода.