La Femme Obscure – изложба на фотографии на Еди Станковски

Изложбата на фотографии „La Femme Obscure” на Еди Станковски е ретроспективна серија на портрети направени во периодот од 1999 – 2001 во Амстердам.

Тие се „free work ” и резултат на соработка со неколку уметници , дизајнери , hair & make up уметници, модели. Во центарот е жената, нејзината сензуалност, снага, таинственост и убавина.

„Инспириран од класичното сликарство ( clair obscure ), neo noir films од доцните деведесетти и sci-fiction сакав да го поврзам минатото со иднината ,користејќи историски елементи и безвремен микс на стилови и атмосфера. Фотографиите ги карактеризираат страст за детали и колорит , мистично осветлување и уловен момент на човечка експресија. Секоја фотографија е различна и употребувам разновидни фотографски техники и материјали со цел да извлечам максимум визуелен ефект, но за мене тие се концептуално поврзани во интуитивна, експериментална потрага за убавина. Ми требаа 15 години да ги спуштам во оваа форма и со задоволство ги прикажувам прво на скопската публика , а во октомври на амстердамската“, вели Станковски.

Изложбата ќе се одржи во петок (18 септември), во кафе книжарница „Децата од нашата улица“, со почеток од 20 часот.