Курсот по фотографија на Харвард отсега е бесплатно достапен на интернет

Универзитетот Харвард ги објави сите онлајн часови за фотографија кои бесплатно може да се посетат на платформата „Алисон“.

Курсот се состои од 12 модули за основите на фотографијата, од софтверски алатки до композиција и светло. Исто така, има и 13-ти модул кој претставува задача што мора да се изработи за да се заврши курсот. Оној што ќе го заврши курсот со резултат над 80 отсто, добива диплома.

Сепак, има мал недостаток. Курсот нуди материјали од 2009 година, така што, додека основите на фотографијата остануваат исти, дел од софтверските алатки повеќе не се користат, или се заменети со понови.

Но, Харвард не е единствениот престижен универзитет што ги објавил своите материјали за учење онлајн. Тоа досега го направија Јејл, Принстон и Стенфорд.