Курс за Bitcoin и Криптовалути

Што се криптовалути? Како функционираат? Зошто Bitcoin е толку посебен? Што лежи во иднината? Одговори на овие прашања ќе бидат дел од седумдневниот курс за криптовалути и Bitcoin кој ќе се одржи од 6-ти до 27-ми февруари, во организација на Brainster.

Курсот ќе го води инструкторот Мартин Михајлов, доктор по информатички науки, кој работи на Економскиот факултет во Скопје веќе 12 години.

„Ова не е курс за тоа како да купиш, продадеш и постигнеш брза заработка со Bitcoin, Ethereum или некоја друга криптовалута. Ова е курс за нешто многу повеќе од тоа.  Овој курс ќе ти помогне од почеток до крај да разбереш една нова технологија. Технологија која го менува светот и начинот на кој работиме со парите, финансиите, меѓусебните договори… Со сѐ што е вредно“, порачуваат од Brainster.

Повеќе информации за курсот и начинот за регистрација може да најдете ОВДЕ.