Кумановските средношколци најавуваат собир за подобро образование

Кумановски средношколци идниот понеделник (15 февруари) најавуваат собир под мотото „За подобро образование“ . Настанот ќе се организира пред гимназијата „Сами Фрашери”, со почеток во 18 : 30 часот.

„Почитувани средношколци, наставници, родители и сите совесни граѓани. Еве, измина циклусот екстерно тестирање за матурантите. Сведоци сме за големото незадоволство од страна на учениците и наставниците. Уште на самиот почеток, целиот систем падна, па моравме да чекаме со чоасови тестот да започне.

Ова само говори за техничката неиздржливост на овој систем. Нема да дозволиме ваков еден небулозен проект да продолжи да функционира и покдрај многуте обиди на средношколскиот пленум да укаже на проблемите. Нема да дозволиме една ваква небулоза да ја навредува интелигенцијата на учениците. Што се однесува до матурантитите, ќе бараме оценките од екстерното тестирање од оваа година да се избришат, и воопшто да не фигурираат во сведителството“, се вели во поканата на Средношколскиот пленум од Куманово, од каде повикуваат на масовна излезност на средношколците.