Куманово: Локалниот младински совет со нова стратегија

Куманови: Локалниот младински совет со нова стратегијаЛокалниот младински совет ќе донесе нова стратегија за млади за период од 2014 до 2019 година, бидејќи старата истекува до крајот на годината.

По тој повод денеска се оддржа јавна расправа на која претставници од невладините организации, училишта, ОБСЕ, УНДП, локалната самоуправа, советници зборуваа за улогата на младите во општеството и носењето одлуки, објави Кумановоњуз.

„Интензивно работевме на подготовка на овој нацрт документ кој на јавна расправа се разгледува за да различни чинители видат што недостасува, што треба да се дополни. Генерално забележавме дека старата стратегија иако е добра е преобемна. Оваа стратегија ја фокусиравме повеќе на делот за вклучување на младите во граѓанското општество и во процесите. Повеќе можности да се отворат за волонтирање, да преземаат иницијативи, да бидат активни“,  вели Матеј Маневски, претседател на Локален младински совет.

На расправата говореше и градоначалникот Зоран Дамјановски кој потенцираше дека во последниве 10 години, 300.000 луѓе, претежно млади се иселиле од земјава бидејќи немаат перспектива, а објасни дека има заложби за отварање на сектор за млади, пишува кумановскиот портал.