Културни настани на 5 и 6 јануари во Струга како дел од Офф програмата на ДримОН фестивал

Во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга, на 5-ти и 6-ти јануари ќе се одржи културен настан во организација на Здружението за култура ИНКА од Струга.

Тоа е дел од Офф програмата на фестивалот за процесирање култура кој се случува на лето, ДримОн.

На 5-ти јануари во Бистро КалаПалаК ќе се отвори зложбата на постери на тимот на ИНКА направени за ArtvertizingForFairpress кампањата. Ќе има и промоција на новиот број на списанието „Лице в лице“ и музичка листа на Leni von Geleva.

На 6-ти јануари, Викторија Попоска ќе се претстави со својата прва самостојна изложба „Запознавање“, која ќе биде поставена во Галерија „Коџоман“. Никола Тодороски ќе се претстави со сатиричната монодрама „Писма од земјата“ – според Марк Твен. Вечерта ќе се заокружи со концерт на Fighting Windmills и DJ-ски сет на Maggie, младата гордост на промотерската куќа BTKRSH. Kако загревање и локална поддршка ќе биде DJ Bobi.

Блок влезницата за настаните е 200 денари, додека влезница за еден настан и консумација чини 150 денари.