Културна детоксикација во Куманово

Следната сабота (27 октомври) во Занаетчиски дом Куманово, ќе се одржи Културна детоксикација (Ку-Де!?), настан на кој ќе бидат претставени дела од локални и национални артисти од неколку области на уметноста и културата.

Најавена е промоција на албум на бендот Ки. Инди-електро бендот од Куманово е победник на: 51′ Зајачерска Гитаријада, Омладина фестивал Суботица и RMF Ровињ… Зад себе имаат дваесетина настапи на низ Балканот. На танцовиот перформанс „Ки“ пак ќе се претстават Александра Петрушевска, Бојана Додевска, Сања Лазаревска со кореографијата на Александра Петрушевска, Бојана Додевска и Сања Лазаревска.

Како дел од Културната детоксификација е и отворањето на групна изложба на скулптура, објект, инсталација и видео со дела на млади современи македонски визуелни уметници од локално и национално ниво. Изложбата е замислена како еден пресек и увид во современите тенденции во творештвото кај младите автори. Куратор е Ана Јовановска.