Култура на подарување оценки – како да се потисне?

Веќе подолго време наставниците во основните училишта нереално ги оценуваат учениците. Проблемот со текот на времето зазема сериозни размери и се „прелеа” и во средно училиште и на факултет. Оваа пракса на крајот се претвори во култура на подарување оценки, што доведе до инфлација на одлични ученици, пишува во својот блог Душан Павловиќ анализирајќи ги состојбите со образованието во Србија.

Култура на подарување оценки - како да се потисне?

Причините за создавањето на оваа култура се тројни. Од една страна, за неговата појава се одговорни родителите кои, кога во деведесеттите години започна транзицијата, го користеа нормативниот вакум создаден од распаѓањето на старите институции и почнаа да вршат притисок врз наставниците да подаруваат оценки. Од друга страна, праксата ја помага и Министерството за образование, кое ги критикува училиште кога ќе видат дека просечната оценка во училиштата паѓа, па тоа го толкува како пропуст при работата. За да се ​​избегне двојниот притисок, наставниците  одговорија со подарување оценки.

Потоа подарувањето оценки стана нормално. Кога наставникот очекува дека сите други наставници ќе дадат висока оценка, тогаш и тој самиот става високи оценки. Времено, приемниот испит за средно училиште (сега завршниот испит- малата матура во Србија), воведен на почетокот 90-тите, се претвори во делумно ефикасно средства со кое се доаѓа до точни податоци за познавањата на ученикот и кое помогна за одделување на одличните ученици од просечните.

Сепак,  тестот за малата матура(полу-матура) го решава проблемот само делумно,  бидејќи оценките од основното училиште претставуваат 60 отсто од потребните резултати за упис во средното образование. Значи, сеуште се исплатува да се ставаат подарени, наместо реални оценки. Може ли институцијата „мала матура“да помогне, покрај корекција на резултатите на ученикот и во реалното оценување во текот на основното образование, односно во сузбивање на културата на давање незаслужени оценки? Постојат три начини да се направи тоа.

(1) Првиот е секој наставник редовно да се контролира. Во овој случај, малата матура веќе нема да биде потребно. Но тоа е многу скапо. Практично треба да има толку контролори како и наставници

(2) Намалување или укинување на условот оценките во основното училиште како критериум за прием во средно училиште. Сега успехот на основното училиште дава 60%. Ова значи дека вашата просечна оценка во основно училиште носи 60% од резултатите за упис во средно училиште. Другата половина се стекнува врз основа на резултатите на приемен испит. Ако уделот на резултатите од основното училиште се намали, да речеме на 25% од вкупниот резултат, подарените оценки ќе имаат помало влијание врз конечниот резултат .

Радикална верзија на ова решение ќе биде оценките од основно училиште целосно да се укинат како критериум за прием во средно училиште.

Сепак, јас лично го преферирам следново решение.

(3) Оценката од основно училиште да може да се задржи како критериум за влез во средно училиште (со тежина од 60%), но потребно е да се утврди колку оваа оценка одговара со покажаното знаење прикажано на полуматурскиот тест. Со ова решение, на секој ученик ќе му се зема во предвид оценката од основно, исто како и сега при упис во средно училиште. Сепак, таа ќе се споредува со оценката од полуматурскиот тест.  Ако просечна оценка од училиштето не се разликува за повеќе од 10% од просечната на тестот, вработените кои работат во соодветните училишта ќе добиваат плата повисока за 5%. И така секоја година… (Можно е да се размислува на друг вид на награда ако таквото зголемување е товар за буџетот.)

Како ова решение ќе го промени однесувањето на наставници од основните училишта? Сите учители би биле заинтересирани реално да оценуваат бидејќи совпаѓањето на оценките ќе стане важно. Со други зборови, наставникот би бил заинтересиран да знае дека ученикот кој знае за двојка , навистина да добива двојка бидејќи најверојатно таа оценка ќе ја има и на тестот. Ако тоа се случи, наставникот добива награда. Ако просечната оценка отстапува од онаа на тестот за повеќе од 10%, нема награда.

Со оваа мерка може да биде потисната културата на подарување оценки бидејќи ќе ги поскапи ваквите оценки и ќе ги направи помалку атрактивни. Целиот проблем сега е во тоа што подарената оценка сега не удира по ничиј џеб. Со воведувањето на ова правило, тоа би значело и повисок трошок,  па наставниците ќе бидат охрабрени да ставаат пореална оценка.

Преземено од блогот на Душан Павловиќ.