„Kultur Shock“ во МКЦ

Во понеделник, 15 април, во Младинскиот културен центар Скопје, е најавен концертот на „Kultur Shock“ .

Формирани во Сиетл во 1996 година, бендот има три „лајв“, 6 студиски албуми, 2 EP’s и над 1000 европски и американски
концерти.

„Kultur Shock“ се специјализирани во мешање на рок, метал и панк со традиционална балканска музика. Невозможно е да се дефинира нивниот стил, па критичарите и публиката дофрлуваат имиња како SOAD, Gogol Bordello, Manu Chao, Gang Of Four…

Со седиште во можеби најкултурно разновидниот и прогресивен град на САД – Сиетл и делумно составен од имигранти кои носат тешки влијанија од сопствените култури и позадина, со текот на годините бендот има развиено сосема нов жанр со непогрешлив тон и став.