Кулинарска работилница и дегустација на пасти вечерва во Јавна соба

Последната тематска вечера и кулинарска работилница за оваа сесозна во Јавна соба,, се затвора со италијанската кујна за млади професионалци. Денеска во 20.00 часот, на репертоар е ново кулинарско дружење и учење за сите љубители на добра храна.

Марк де Јонг, ќе приготвува три вида на паста и една кус – кус салата. Влезот на работилницата е слободен за сите заинтересирани кои сакаат да научат да готват добра и вкусна храна. Причината е да им се овозможи здраво и добро хранење на младите кои се посветени на кариерата и немаат повеќе од 30 минути време и трпение да зготват добра, здрава и вкусна храна.

Со серијата на кулинарски настани, тематски вечери и работилници, Јавна соба ја презентира јавно програмата за гастрономско продуховување.  Кулинарските вештини ги презентираа неколку гастрономи од земјата и станство.

Новиот циклус на тематски вечери и работилници продолжува од 1.септември, најавуваат од Јавна соба.