Кучиња трагачи се новото обезбедување во ноќен клуб во Лондон

Ноќниот клуб „Фабрик“’ во Лондон буквално вработи седум кучиња трагачи кои ќе ги проверуваат луѓето што ќе го посетуваат клубот дали со себе носат дрога. На оваа одлука се согласија газдите на клубот, откако се спасија од закана за затворање.

Топ диџеи како Annie Mac, Chemical Brothers и Groove Armada во последна минута се приклучија во кампањата за спасување на клубот, откако се дозна дека можно е да ја изгуби лиценцата за работа поради четири смртни случаи предизвикани од дрога за три години.

„Фабрика“ ќе стане првиот ноќен клуб во Лондон во кој ќе има редовна патрола од кучиња трагачи. Секое куче и неговиот тренер ќе го чини газдата 300 фунти за смена од четири часа. Клубот, исто така ќе мора да воведе проверка на личните карти на сите луѓе што ќе го посетат, да го подобрат видео надзорот и пребарувањето дрога на врата.

Сепак, не сите посетители сметаат дека во клубот е полно со луѓе кои нудат со дрога. Според еден посетител, тој во 15 години, го посетил гклубот повеќе од 200 пати, а само еднаш бил понуден со дрога. Тој смета дека прегледувањето на личните карти е навлегување на приватноста за некој што сака само да се забавува.

Претходно, повеќе од 30 000 луѓе ја потпишаа онлајн петицијата за спас на најголемиот ноќен клуб во Велика Британија. Основачите на клубот Камерон Лесли и Кејт Рајли велат дека ќе се борат против одлуката. Според Рајли, во 15 години во клубот поминале шест милиони посетители, но за жал имало четири смртни случаи.

„Ние правиме се што можеме за да ги спречиме луѓето да земаат дрога во клубот. Она што се случи неодамна е дека оваа земја е преплавена со дрога“, изјави Рајли.

Според пресудата, клубот ќе продолжи да функционира како и претходно, но само ако ги исполнува додадените услови.