Куче кое уринира врз „Бестрашната девојка“ постави разлутен скулптор во Њујорк

Уметник од Њујорк накратко постави мала скулптура на куче кое уринира врз статуата на „Бестрашната девојка“ на улицата Волстрит.

Девојката, од пред три месеци, беше поставена наспроти познатата статуа на „Бикот од Вол Стрит“ како протест за недостатокот на жени на одлучувачките функции во големите американски корпорации.

Скулпторот на „кучето кое уринира“, Алекс Гардега, за Њујорк Пост изјавил дека „Бестрашната девојка“ претставува трик за публицитет кој изразува непочитување.

Скулпторот Гардега покрај својата скулптура и „Бестрашната девојка“

„Скулптурата на девојката нема врска со феминизмот и е израз на непочитување кон уметникот кој го изработил бикот. Бикот имаше интегритет. Одлучив да изработам лоша статуа на куче за да ја омаловажам статуата на девојката, идентично како што девојката го омаловажува бикот“ изјавил Гардега кој не ги познавал авторите на другите две скулптури.

Кристен Висбал авторот на „Бесрамната девојка“ и Артуро Ди Модика на „Бикот од Вол Стрит“, се уште не дале коментар за ситуацијата.

Ди Модика претходно јавно се пожали дека статуата на девојката ја искривува пораката на неговиот бик во нешто негативно.

„Бестрашната девојка“ требаше да биде привремена инсталација, по повод Меѓународниот ден на жената 8-ми март, но поради огромната популарност, градските власти одлучија скулптурата да стои на тоа место до февруари следната година.

Статуата на девојката ја финансирала бостонска фирма за консалтинг, со намера да „поттикнат поголема родова еднаквост во корпоративните одбори.