Крводарителска акција во организација на „Црвен крст“ – Центар и Институтот за трансфузиона медицина

Општинска организација Центар при Црвениот крст и Институтот за трансфузиона медицина , на 28 август,  традиционално, по 18-ти пат, ќе организираат крводарителска акција.

Крводарителската акција ќе се спроведе во Домот на АРМ, од 09:00 до 17:00 часот.

Целта на акцијата е да се обезбедат поголеми количини на крв во летниот период, заради можностите од недостаток на крв и крвни деривати.

Со оглед на ситуацијата со пандемијата на КОВИД-19, за време на крводарителската акција ќе се спроведат сите мерки за заштита, односно носење заштитни маски и одржување дистанца. Направен е посебен протокол со кој ќе се запазат мерките. Поради тоа, задолжително секој крводарител мора да има заштитна маска.

„Оваа акција веќе 17 години покажува резултати на голема хуманост на граѓаните на град Скопје.
Во 2003-та година кога за прв пат беше организирана, бројката на крводарители беше 146, додека како резултат на нејзината традиција и препознатливост во 2019 година 188 граѓани ја покажаа својата хуманост со дарување на крв“, велат организаторите.

Вкупната бројка на реализирани крвни единици за овие 17 години е 3896 крводарувања, или во просек 230 крводарители по акција.