Крводарителска акција на Црвениот Крст по повод 13 ноември

Во пресрет на 13 ноември, кога Скопје одбележува 70 години од ослободувањето, Црвен крст на град Скопје традиционално се вклучува во одбележувањето на денот преку организација на два настани.

Првиот ќе се случува на 12 ноември (среда) со почеток во 13:00 часот и претставува показна вежба, симулација на спасување од автобус на дваесетина повредени лица. 60 волонтери од Тимот за реакција при катастрофи на Црвен крст на град Скопје, познавачи на Првата помош ќе бидат дел од овој настан кој ќе се случува на Рекорд.

Вториот настан е традиционалната крводарителската акција која ќе се одржи на 13 ноември , во просториите на Дневниот центар за дарување крв на Црвен крст на град Скопје во ДХО „Даре Џамбаз“ во периодот од 9:00-17:00 часот.

Во склоп на самата акција, со почеток во 11:00 часот, Црвен крст на град Скопје ќе додели награди и признанија за најуспешни крводарители, фирми/компании, образовни институции и сл. кои дале најголем придонес во промоција и унапредување на крводарителството на територија на Град Скопје.