Крводарителска акција „Blood Bank – TENK“ на Медицински Факултет

Факултетското студентско собрание на Медицинскиот факултет заедно со Институтот за трансфузиологија организира крводарителска акција на Медицинскиот факултет во Скопје.

На 5 март, со почеток во 10 часот, па до 17 часот попладне, студентите од Медицинскиот факултет ќе имаат можност да даруваат крв со цел да се издигне свеста за младите. Акцијата овој пат ќе ги опфаќа само студентите на Медицински факултет.

„Крводарителството е една од најважните работи во медицината. Дарувањето на крв значи дарување на живот. Наша заедничка цел е да ја подгинеме свеста на студентите по медицина за важноста на оваа пракса. Бидејќи крводарителската популација старее, многу е важно младите луѓе да почнат да даруваат крв, а студентите по медицина треба да се предводници на овој процес“, велат од организацијата.