Десетици провладини активисти упаднаа во седиштето на венецуелскиот парламент кој го контролира опозицијата, пренесува Мета.
Тие упаднале во зградата на парламентот додека траела специјалната седница по повод националниот ден на независноста.
Напаѓачите мавале со стапови, фрлале петарди и предизвикале хаос, при што повредени се неколку пратеници и новинари, од кои се појавија слики со раскрвавени лица.
Опозицијата во Венецуела планира да организира неофицијален референдум на крајот на овој месец за контроверзниот план на претседателот Николас Мадуро да го промени уставот на државата.
Dip.@ArmandoArmas y funcionarios de seguridad AN resultan heridos durante hechos violentos en el interior del Palacio Federal Legislativo. pic.twitter.com/6rM00261gX
— Asamblea Nacional (@AsambleaVE) July 5, 2017