Критики и коментари за условите за возење велосипед во Скопје

Во рамките на проектот „Интелигентни алатки за креирање политики“ – ФУПОЛ, граѓаните се охрабруваат да даваат свои критики и забелешки на темата „Користење на велосипедот како рекреативно и превозно средство во Скопје“.

Почнува сезоната за изнајмување велосипеди

Сите заинтересирани можат да оставаат коментари за тоа каква е состојбата со велосипедските патеки на булеварите и на магистралните улици кои се во надлежност на Градот Скопје, дали се задоволни од нивната сегашна состојба, дали на некои од овие патеки има одредени препреки (паркирани автомобили, лошо поставени билборди и инсталации…), како и да дадат идеи и предлози на оваа тема.

Тие исто така можат да даваат коментари и мислења и за процесот на изнајмување на велосипеди кој е организиран од страна на Град Скопје (јавно претпријатие “Градски паркинг” – Скопје), односто за тоа дали ги исполнува очекувањата и дава позитивни резултати, дали има доволен број на пунктови за изнајмување на велосипеди, но и каде треба да се отворат дополнителни пунктови.

Сите заинтересирани можат да учествуваат преку оставање коментари на интерактивната мапа на Интерактивната мапа, на  официјалните профили на Град Скопје на facebook   и twitter, како и на официјалниот блог профил на проектот ФУПОЛ во Скопје .

Сите добиени коментари, мислења и ставови ќе бидат систематизирани и обработени со специјалниот софтвер, а според најавите, тие ќе бидат вклучени во процесот на креирањето политики на Градот Скопје.