Критична Маса Тетово #11 – Сподели улица, заедно сме!

Во сабота во 14 часот на градскиот плоштад ќе започнеме Критична Маса Тетово #11 со возење на симболичен круг на промените во градот, почнувајќи од самите велосипедисти, најавуваат организаторите на настанот.

Критична Маса Тетово #11 - Сподели улица, заедно сме!

„На улиците е гужва, на улиците е бавно и нервозно. На улиците има се помалку место за нас велосипедистите. Да им покажеме на сите учесници во сообраќајот дека со помош на велосипедот ќе бидеме побрзи, понасмеани и поздрави завршувајќи ги дневните обврски низ градот“, се вели во најавата на Фејсбук.

Организаторите потсетуваат дека со присуството на што повеќе велосипедисти се дава јасна слика од потребата за подобри услови во Тетово како и од придобивките за возењето на велосипед во градот.