Критична маса го прославува вториот роденден

Групата На точак и Критична маса денеска, 28-ми мај, со уште едно заедничко возење велосипед низ Скопје и забава на Школка ќе го прослават својот втор роденден.

Критична маса Групата тргнува во 17.30 од Плоштад Македонија, а ќе се движи по следната РУТА . Забавата ќе продолжи во 19 часот, на Школка, со музика, штандови и дизајни од точакољупци за сите велосипедисти.

„Дваесет и четири пати масовно возевме по скопските улици, на дваесет и четири различни теми во врска со урбаниот велосипедизам. Критикувавме, мотивиравме, пишувавме пријави, едуциравме.

Критична маса немаше да опстане без секој еден од вас, ако одите со велосипед на работа, ако ги поддржувате вашите блиски да се обидат да го користат велосипедот почесто, ако сте имале ситуација да едуцирате некој пешак или возач на автомобил затоа што ви се нашол на патот, ако сте учествувале во акции, ако сте го славеле возењето точак!

Овој роденден го посветуваме на вас и на сите оние кои имаат удел во подигнување на вело-културата во Скопје. Ги поддржуваме и оние кои се посветени на велосипедизмот, кои почнале свој бизнис поврзан со точаци и го прават градот поубаво место за живеење!“, велат од Критична маса .