Критична маса 79: Уште една есен се гушиме во отровен воздух

Во среда, на 28 ноември, ќе се вози претпоследната Критична маса за оваа година, 79-та по ред. Зборно место е Плоштадот Македонија, во 17:30 часот.

„Овој пат, ќе им порачаме на надлежните институции дека не сме задоволни од мерките кои се преземаат за решавање на проблемот со загадувањето, а сообраќајот е секако дел од него. Скопје ја носи титулата на најзагаден град во Европа.

Додека институциите кројат планови и донесуваат недоволни и несоодветни мерки за справување со ситуацијата, ние се гушиме во отровен воздух, уште една есен, заглавени во круг на нефункционални предлози. Облечете се топло во среда и дојдете да побараме транспортно проветрување. Секако, не ги заборавајте маските за лице со филтер“, порачуваат од Критична маса.