Критична маса 53 во Прилеп: Вело активирање, аман веќе од туражирање

Улиците биле и треба да останат место за сите граѓани. Особено маалските. Мирни, безбедни и пријатни за живеење, за движење и социјални контакти, соопштува иницијативата ПрилепНаТочак, која утре од 17:30 часот организира нова велосипедска Критична маса.

Според иницијативата, истите проблеми се провлекуваат низ градот: брз моторен сообраќај, нема безбедност, голема бучава, дивеење, туражирање, паркирање на секаде и секогаш, скратено право на движење на ранливите учесници во сообраќајот, пред се’ пашаците и велосипедистите.

„Улиците треба да бидат место за безбедно пешачење и возење точак за сите генерации, за движење на децата, повозрасните, за детски колички, улиците како место за социјални контакти, за безбедно среќавање, безбедно преминување, за контакти…“, соопштува ПрилепНаТочак.

Од таму ги повикуваат граѓаните и велосиедедистите да порачаат дека улиците се за живееење, а не за дивеење.

„Дека нашиот град може и поинаку. Дека улицата сакаме да ја доживуваме како втор, заеднички дом, ајде сите на вело активирање, доста беше туражирање!“, повикува иницијативата.