Критична маса #3: Тетово на Точак

Во сабота (8 јуни) на градскиот плоштад во Тетово ќе се организира третото заедничко возење велосипед во овој град.
„Ве покануваме на уште еден круг низ нашиот град, на уште едно покажување на властите и на останатите учесници во сообраќајот дека нашата инфраструктура, услови и сигурност со велосипедот, се сведени на минимум. Да покажеме дека нѐ има многу, дека велосипедот е дел од нашето секојдневие, дека со него придонесуваме и за почисто Тетово“, посочуваат организаторите на третата „Критична маса“.
Критична маса #3: Тетово на Точак

Во својот повик тие додаваат дека секој учесник во „Критична маса – Тетово“  доброволно е присутен и само на своја одговорност!