Критична маса #24 која се организира и оваа последна среда во месецот (30 април) ќе се одвива под мотото „ И да немаш точак, придружи се!“ ќе укаже на поволностите кои ги нудат добрите системи за изнајмување велосипеди.
„Системите за изнајмување велосипеди треба да се третираат како јавно добро, своевиден градски јавен превоз, поголема можност за мобилност, за разни ситуации и за разни групи граѓани. Граѓаните не се доволно информирани за станиците и процедурата на изнајмување. Сакаме нив да ги информираме, а од надлежните да побараме да ги решат проблемите со одржувањето на велосипедите и да им предложиме проширување и унапредување на системот“, се наведува во поканата за настанот.
Маспата на пунктови за изнајмување точак во Скопје ја има на следниот линк http://bit.ly/1psvQEE, цената е 10 денари за еден час, а работното време е од 8 до 23 часот.
„Да возиме заедно за подобар вело град! Да порачаме дека и системот на градски велосипеди е важен ако сакаме Скопје да стане подобар град“, истакнуваат од групата „НаТочак“.
Зборното место на 24-тата Критична маса, на позајмен или на изнајмен точак е на паркингот на источната страна од Катна гаража Св.Кирил и Методиј со почеток од 17.30 часот. Рутата на возење е на овој линк- http://bit.ly/1mCfUev, а на крајот на настанот организаторите најавуваат изненадување.