Критична маса #22 – Преброј се!

Критична маса #22 ќе се одржи под слоганот „Преброј се!”. Настанот е закажан во среда (26 февруари) во 17.30 часот, а местото на чекање е Плоштад Македонија.

Критична маса #22 - Преброј се!

„Сè повеќе нè има на точак. Но колку сме? Сакаме да пораснеме, но за тоа се потребни конкретни мерки: инфраструктурни подобрувања, подобрување на системот за изнајмување велосипеди, едукативни кампањи, зголемување на свеста итн. Но сè додека не почнеме да мериме, нема да знаеме кои мерки колкав реален ефект имаат, додека не почнеме да мериме, не можеме да планираме прераспределба на различните видови сообраќај и да правиме визии за зелено и здраво Скопје.

Десетици европски градови си задаваат цели да постигнат барем 15% удел на вело-сообраќајот во вкупниот сообраќај до 2020-та и преземаат конкретни мерки за да го постигнат тоа. Во најточакољупските градови веќе над 50% од патувањата се прават со точаци“, се наведува во повикот за 22-та Критична маса од каде бараат подобри услови за возење велосипед.

Велосипедистите ќе возат по следната РУТА.

Нека нè има што повеќе, дојдете да се видиме и да нè видат, посочуваат „точкољубците“.