Критична маса #20: Среќни 365 на точак!

Критична маса- На точак, во среда(25 декември) го организира 20-тото јубилејно заедничко возење велосипед низ Скопје. Зборното место е плоштатадот „Македонија“, во 17.30 часот, а ќе се вози по следнава рута.

Критична маса #20: Среќни 365 на точак!

Од Критична маса во меѓувреме ги запрашаа скопјани –  што посакуваат за себе и градот во 2014 на точак. Преку отворен повик на социјалните мрежи, на мејл, но и на отворениот „ѕид“ на работилницата за зимски гуми, беа собрани околу 150 вело-резолуции од „точакољупците“.

Дел од нив ветија дека во новата 2014-та ќе почнат да одат со точак на работа, ќе научат сами да си го поправаат точакот, ќе поднесуваат пријави се додека не ги тргнат пречките од патеките.

Во новата 2014-та посакаа и во Скопје да нема паркирани автомобили на велосипедски патеки, да има поквалитетен јавен велосипедски превоз, да се излегува навечер на точак, да има повеќе паркинзи за велосипеди…

„Биди дел од подобро Скопје на точак во 2014. Вози секојдневно, а на критична маса секоја последна среда од месецот“,порачуваат од Критична маса.