Критична маса #19: Патувањето со точак низ Скопје чини нула денари

Во среда (27 ноември) ќе се одржи Критична маса#19 која овој пат има цел да укаже на заштедите што се прават со возење велосипед.

Критична маса #19: Патувањето со точак низ Скопје чини нула денари

Пресметката на скопските велосипедисти изгледа вака:

„Живееш во Аеродром и студираш во центар. Со автобус: 10 возења = 250 ден, 22 дена X 2 X 25 = 1100 ден. месечно, при неменување на автобуси.

Живееш во Кисела Вода и работиш во Сити Мол. Со такси: 27 дена X 2 X 180 ден.= 9720 ден. со попуст.
Живееш во Влае и работиш во Дебар Маало. Со автомобил: 22 X 70 ден. = 1540 ден. + 800 ден. месечна карта за паркинг = 2340 ден. минимум.

А патувањето со точак чини 0 денари по километар во сите делови на Скопје!“

Групата за Критична маса#19 ќе се чека на паркингот кај Министерството за економија во 17.30 часот, а ќе се вози по следната рута: http://0.mk/ruta19.