Критична маса 17 во Тетово оваа сабота

Критична маса 17 во Тетово оваа сабота

Веќе традиционалното организирано возење велосипеди низ улиците на Тетово, во организација на неформалната група Тетово на точак, #Критичната маса број 17 ќе се одржи оваа сабота (9 август) од 17.00 часот. Ќе се вози низ улиците на градот, со тргнување од градскиот плоштад, а целите на учесниците остануваат исти: апел до надлежните да создадат подобри услови за користење велосипед во тетовскиот сообраќај.

Критична маса 17 во Тетово оваа сабота

Во изминатите 17 месеци, тетовските велосипедисти во огромен број излегоа на улиците на редовните #критични маси, за да апелираат за почесто користење на велосипедите како побрзи, поекономични и поеколошки средства за превоз. Во рамките на овие „велосипедски“ настани, во Тетово се организираат и концерти и забави, на кои настапија локални групи и диџеи.