Критична маса#12 – скопјани повторно на точак

По дванаесетти пат, поддржувачите на граѓанската иницијатива „На точак“ во среда (24 април) ќе се соберат во центарот на Скопје на заедничко возење велосипеди. Настанот насловен „Критичната маса#12“ , има за цел да укаже на проблемите со кои секојдневно се соочуваат велосипедистите додека се движат низ градот.

Критична маса#12 - Скопјани повторно на точак

„Скопје е загадено, има гужва, Скопје бучи, Скопје е напнато и зависно од проавтомобилски политики и стереотипи. Но Скопје има одлични предиспозиции за да може да стане добар вело-град. Може да стане подобар град, воопшто. И градот функционира на твој погон и енергијата му ја даваш ти!“стои во повикот на организаторите.

Дванаесетата „Критична маса“ ќе се вози по следнава рута низ нов „проблематичен“ дел од градот:

Средбата е закажана за 17.30 часот на Плоштадот Македонија, а организаторите апелираат на внимателност по угорниците и удолниците, но и потсетуваат дека секој учесник вози на своја одговорност.