Критична маса #10: Извади го точакот од гаража!

Групата скопски велосипедисти „На точак“ денеска (27 февруари) го организира десеттото заедничко возење велосипеди низ улиците на Скопје. Почетокот на десеттата „Критичната маса“ е закажан за 17 часот и 30 минути, а збирното место, како што најавува организаторот, ќе биде помеѓу гаражата на Владата и „мачката“ на мостот Гоце Делчев.

„Бројот на луѓе кои го избираат точакот како превозно средство расте од година во година и оваа пролет ќе не’ има уште повеќе, како што и зимава имаше повеќе од лани.
Условите за возење точак во Скопје не се нешто мотивирачки, но сообраќајните гужви, зголемувањето на цената на горивата, поголемата еколошка свест, тенденциите кон поздрав начин на живеење и сфаќањето дека точак е супер превозно средство си го прават своето“, велат организаторите.

Во нивниот повик се вели „Многу од нас имаат по некој кутар заклучен и можеби зарѓан велосипед во гаража, кој чека да биде ослободен. Скопје има улици кои чекаат да бидат преплавени со точаци и радост! А ние имаме желба да создаваме таков град! Местото на велосипедската инфраструктура е повисоко на дневен ред!“, стои во  на вљубениците во велосипедизмот“.

„На точак“ изминатиот викенд имаа презентација на конференцијата „Engage“, каде претставија дел од својата работа, а премиерно беше прикажано видеото „ „На улица #naTochak”“.