Критичко преиспитување на правото – Предавање на професорот Коста Стратилати на ФОН Универзитет

Последниот настан од програмата на Критичко преиспитување на правото за летниот семестар (2019), ќе биде предавањето на проф. д-р Коста Стратилати , со наслов: Уставни промени преку европеизација.  Отвореното предавање ќе се одржи на 10 јуни, со почеток од 13:00 часот, на Факултетот за правни и политички науки при ФОН Универзитет, 5-ти кат.

Во првиот дел од предавањето, професорот ќе ги анализира концептите на формални и неформални уставни промени и концептот на Европеизација, откако ќе понуди кратка анализа на основните карактеристики на Европската унија. Овој дел ќе биде заклучен со кратка презентација на теории за конститутивната моќ и Европа. Вториот дел од предавањето, ќе го посвети на различните типови на уставно прилагодување на европеизацијата. Предавањето ќе биде завршено со краток преглед на можните клаузули кои би биле вметнати во Уставот на Република Северна Македонија, со цел подобро да бидат вклопени посебните карактеристики на Европската унија и европската интеграција.

Д-р Коста Стратилати е вонреден професор на Правниот факултет при Универзитетот во Никозија (Кипар). Неговите главни истражувачки интереси се фокусираат на компаративна уставна теорија и право, со постојан интерес за фундаменталните човекови права и тоа во контекст на масовни медиуми и интернет. Објавил истражувачки трудови во неколку меѓународни списанија, а учествувал и во низа истражувачки програми. Докторирал на Правниот факултет при „Аристотел“ Универзитетот во Солун, каде што определен период предавал Mетодологија на право и Филозофија на право. Дел од неговото образование или пост-дипломските студии ги завршил во Лондон на London School of Economics.