Критичари: Новиот албум на Дејвид Боуви е „анти-поп“, современ и елиптичен

Најголемата светска музичка вест на почетокот на 2016 година дефинитивно е новиот албум на легендарниот Дејвид Боуви. Во рецензија на „Blackstar“, првиот албум на Боуви на чии корици го нема ликот на славниот музичар, британски Гардијан му дава четири од пет ѕвезди на неговото последно остварување.

„Иако ‘Blackstar’ е типичен Боуви албум од почеток до крај, обложен со неговиот карактеристичен мелодичен глас и неговиот префериран инструмент од 80-тите, саксофонот, има некое чувство на ‘изгорена земја’ низ седумте, често долги песни“, пишува во рецензијата на Гардијан.

Албумот, издаден на 69-от роденден на Боуви, критичарите веќе го анрекоа и: „’анти-поп’ издание, извонредна мешавина на џез, индустриски рок, соул-балади, воздушест фолк-поп, дури и хип хоп“.