„Критерион колекшн“ бесплатно стрима филмови на афроамерикански филмски работници

Критерион колекшан“ ќе го отстрани плаќањето на наслови од афроамерикански филмски работници, но и на документарци за црното искуство како поддршка за движењето „ЦрнитеЖивотиСеВажни“ и антирасистичките протести што се одвиваат на глобално ниво.

Филмови од пионерите на афроамериканската кинематоградија како Маја Анџелоу, Џули Даш и Оскар Мишо ќе бидар достапни за сите, без потреба за претплаќање. Современи дела како оние на Калик Алах и Лејла Вејнрауб, но и документарци за животот на афроамериканска заедница од бели режисери како Лес Бланк и Ширли Кларк, исто така ќе бидат бесплатни.

„Ние сме посветени да ја тестираме улогата која ја имаме при одлучување на тоа чии гласови ќе се чуени и кој одлучува чии приказни треба да се слушнат“, стоело во соопштението на платформата.

Помеѓу содржините можат да се пронајдат и документарецот на Вејнрауб од 2018 година – „Шејкдаун“, кој ја обработува приказната за црн, лезбејски стриптиз клуб во Лос Анџелес, единствениот долгометражен филм на Маја Анџелоу, потоа „Ватермелон вомен“ и слично.

Погледнете ги филмовите тука.

Извор: Dazed&Confused