Кревет и библиотека место шилците против бездомници во Лондон

Неодамна низ Лондон неодамна почнаа да се поставуваат шилци, за бездомниците да не можат спијат пред излозите и ќошињата во полуксузните градски квартови. Шилците беа поставени за да ги држат овие луѓе подалеку од градот, но мал тим активисти, огорчени против ваквиот однос кон луѓето без дом, трагнаа во акција трансформирајќи ги шилците во удобен кревет.

Колективот наречен „Space, Not Spikes“(Простор, а не шилци) трансформираше простор со шилци, пред познат ноќен клуб во источен Лондон во удобна спална ставајќи душек, прекривки, па дури и библиотека.

Местото кое изгледаше вака:

Тие го претворија во простор за одмор на луѓето без дом:

„Живеејќи во градот, ние се движиме од едно место до друго по строго утврдени линии“ , велат од колективот.

„ Ни кажуваат каде може да шетаме, каде да седнеме, каде сме добредојдени, но само ако трошиме пари. Или ги имаме. Тоа не право невротични и поттикнува чувство на различност кај секој кој избира или едноставно не може да го купи она што во моментов поминува во општеството“, додаваат од колективот.