Крени го гласот! – трибина за човекови права и слободи

Крени го гласот! - трибина за човекови права и слободиВо четврток (20 февруари) во Ликовната галерија во Велес со почеток во 18 часот ќе се одржи трибина за човекови права и слободи „Крени го гласот!“.

Настанотго организира Цивил – Центар за слобода и Работната група за човекови права (РГЧП) во рамки на проектот „Избери демократија!“. Цивил ќе го објави својот Извештај за дискриминацијата и кршењето на човековите права и слободи во општините во централниот и источниот дел на Република Македонија, врз основа на теренската работа на соработниците на проектот. Освен претставници на Цивил и членови на регионалната работна група, на трибината ќе учествуваат и претставници на надлежните институции во реонот.

Проектот „Избери демократија!“ е проект за јакнење на јавната свест и граѓански активизам за човековите права, солидарноста и толеранцијата, поддржан од Проектот на УСАИД за граѓанско општество кој го спроведува Фондацијата Отворено општество – Македонија.