Сестрите Ивана и Анастасија Павловски од креативното студио за редизајн на стари работи „Комбо“ објавија дека веќе некое време реновираат мал простор кој се наоѓа веднаш до нивниот во Железара и го подготвуваат да стане Јавна мини библиотека наречена „Невенка“. Ќе го отворат утре, 3 септември, со почеток од 18 часот на адреса „Коце Металец“ 1ѓ.
„Невенка е дом на стари книги и простор инициран и ко-финансиран од Наум и Невенка Пановски, а реновиран, исчистен, чуван, отклучуван и заклучуван од нас, Ивана и Анастасија“, пишуваат тие.
Како што појаснуваат, „Невенка“ е простор каде секој ќе може да си изнајми книга, да работи да организира настани и најважно најважно – за момент да избега од градскиот хаос и да се затскрие зад полиците полни знаење, уметност и фантазија.
„За овој почеток да биде уште посладок, истиот ќе биде придружен со промоцијата на краткиот ЕП на ‘Калико’, кој беше создаден во соработка со нас. Затоа со голема радост ве покануваме во среда од 18 до 21 часот да и мавнеме сефте на новата просторија и да го чуеме новиот албум на Калико“, велат Ивана и Анастасија.
View this post on Instagram