Креативни муабети за онлајн заедниците и блогирањето со Андреја и Бојан

Вториот настан од Creative Talks ќе се фокусира на развојот на онлајн заедниците и блогирањето.

Своите искуства и знаење ќе ги споделат Андреја Јарчевски – основач на најголемата онлајн заедница за автомобили во Македонија – CarClub.mk и Бојан Николов – автор на блогот за поп култура Crapwerk кој постои дури 13 години.

Creative Talks е серија на настани во кои се зборува за креативност. Целта на овие настани е да поттикне дискусија која понатаму ќе вроди со акција. Првиот ваков настан беше посветен на комерцијалната фотографија заедно со фотографското дуо Ани и Дими (Ani Dimi).

Настанот ќе се одржи вечерва (30 јануари) во ЕУ Инфо центар, со почеток во 18 часот.