Креативна работилница на Skopje Design Week и Британскиот совет

Скопската недела на дизајн и Британскиот совет во Македонија организираат креативна работилница за млади претприемачи и дизајнери од Македонија.

Работилницата е наменета за:
– Луѓе кои работат на полето на дизајнот (индустриски дизајн, дизајн на мебел, внатрешен дизајн, дизајн на продукти и пакување, графички дизајн, дизајн на накит, моден дизајн, видео и филм, итн.)

– Последипломци или скоро дипломирани лица од факултети за дизајн и уметност кои имаат потреба да ги усовршат своите вештини за развој на дејноста со кој се бават.

– Млади креативни претприемачи со креативна идеја производ услуга кои планираат да почнат свој бизнис или во рана фаза на развој на креативна идеја која може да се развие во дејност.

Според организаторите, на крајот од четиридневната програма, учесниците ќе заминат со основно знаење и самодоверба да продолжат понатаму со нивната креативна бизнис-идеја, опремени со алатки за развивање на одржлив бизнис, и исто така со клучните информации што им требаат за да го развијат нивниот оперативен план, маркетинг стратегија и финансиски план за дизајнерските решенија да дојдат до потенцијалните корисници.

Заинтересираните за учество во работилницата треба да ја пополнат пријавата и да ја испратат на contact@publicroom.org најдоцна до 17.00 ч. во понеделник, 20 септември 2013 година.
Избраните кандидати ќе бидат контактирани до 25 септември 2013 година.